ЈОГА КАМП Врахос 2018

ЈОГА КАМП Врахос 2018


When?

Start time: Saturday 06:00 (26 May)
End time: Saturday 20:00 (02 June)

About

ЈОГА КАМП ВРАХОС 2018

“ИНТЕНЗИВЕН ЈОГА КАМП ОД 26 МАЈ- 02 ЈУНИ”
ВРАХОС БИЧ-ГРЦИЈА!

По промотивна цена од 130 евра (со можност за плаќање на рати)!
Почетокот на летото е идеално време “ДА ГО СВРТИМЕ ЛИСТОТ” од континуиран стрес и нездрави навики. Оптеретени од животот да ги впиеме првите сончеви зраци кои нежно ќе не разбудат од зимскиот сон и ќе не подготват за убавите летни денови.
Еден од начините за будење е “ЈОГА ВО ПРИРОДА”. Студио Сурија во своето десет годишно искуство се залага за здрав начин на живот по пат на движења, здрава исхрана, вежби и практицирање на традиционална вештина како што е јогата.

Срдечно ве покануваме заедно да ја отвориме летната сезона на ВРХОС БИЧ, 600км од Скопје, веднаш по Парга.
ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ - ПАРГА

Посета на Парга (доплата 10евра).
Парга е град во Грција, во областа Епир. Денес Парга е прочуена како најпознато летувалиште на брегот на Епир.
БЕНЕФИТИ

Целта на ова кампување е на луѓето да им се даде можност да се запознаат со јога вежбите во природа, како предлог за замена на пасивен одмор со активна програма на јога вежби, кои делуваат благотворно во воспоставувањето рамнотежа на телото, умот и духот.
Јога во природа допринесува до позитивни ефекти како:
-Ослободување од стрес
-Намалена болка
- Поголема сила
-Зголемена енергија
- Еластичност
-Подобро дишење
-Регулирање на телесната тежина
- Регулирање на кардиоваскуларниот систем
-Подобро држење на телото
-Развивање на сегашниот момент
Сите овие придобивки значително се зголемуваат при практикувањето јога покрај водени површини.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?
Програмата е наменета како за искусни, така и за оние кои никогаш немале искуство со јогата.
Може да ни се придружат сите заинтересирани, без предзнаења и посебни искуства.
Јогата ќе ја водат искусни - сертифицирани инструктори.

ПРОГРАМА:

 интензивна јога
 медитација за опуштање и исцелување
 вежби за истегнување на телото
 дарана-вежби за концентрација
 асани-положби на телото
 пранајама-вежби за дишење
 работа на чакра системот
 екаграта-(освестување на третото око, уво)
 медитација (освестување) на срцето и неговата вибрација
 креативна визуализација
 предавања
 јога работилници

Во програмата ќе имаме моменти на разменување на искуствата и некои изненадувања.

ЕТИКА
Јога инструкторите самоволно ја превземаат обврската за одржување на професионална и етичка страна на методата, како врвна етичка мерка на хуманост.
Во име на овој кодекс се очекуваат “ Oсновните норми” на однесување од страна на членовите.
ОСНОВНИ НОРМИ
 Ве молиме непосредно пред часовите бидете истуширани;

 Ве молиме за време на часовите да се воздржувате од било какви коментари со цел да ја испочитуваме тишината;

 Прашања може да се поставуваат за време на паузите или по завршувањето на часот;

 ЈАМА – апсолутна хигиена на телото, умерена исхрана со здрава храна, воздржување од употреба на стимулативни средства и сл;

 НИЈАМА – позитивен однос кон останатите битија, воздржување од лоши мисли, зборови и дела, негување на добра воља и сл;

 Непосредно пред јога сесија:
o оброк најмалку 2 часа пред сесијата (умерен);
o прочистување на ноздрите со солена вода или сличен препарат;
o туширање 30 минути по завршување на сесијата;
o облеката треба да е лагодна во светли бои;
o секој практикант носи со себе: пешкир, лесно ќебе или јога-мат.

 Овие принципи се основни начела од дисциплината на јогата и придонесуваат за непречена:

o организација во групите;
o коректен однос кон останатите членови;
o почит кон инструкторите и кон самите себеси и
o опстанокот на нашето заедничко студио!

ВРАХОС БИЧ
Се наоѓа на 600км од Скопје, веднаш по Парга (околу 30км). Сместен на преубава, околу 2км долга плажа, ќе ви овозможи прекрасен одмор на тиркизното Јонско море. Врахос секако ќе ви понуди преубава релаксација практикувајќи јога начин на живот неколку дена во едно мало мирно место богато со богата шума и маслинови дрва. Долгата плажа покрај тиркизното море, надополнета со благиот релјеф карактеристичен по зеленилото и малубројните објекти вметнати низ него, го издвојуваат Врахос како особено интересен за бројните вљубеници во морската шир и ситниот песок кој истата го заплиснува со нејзините бранови.


СМЕСТУВАЊЕ
Вила Филоксенија-се наоѓа во крајниот и помирниот дел од плажата на Врахос. На 50м од плажата во прекрасен двор со природни сенки од маслинови дрва. Вилата располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмаани, сите се со балкон, комплетно опремена кујна, бања, ТВ, Wi-FI, и клима (се доплаќа 4евра).

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Вкупна цена 130 евра (8060 денари)

Во цената е вклучено:
o Сместување + превоз
o Јога програма

Цените се пресметани во следната противредност: 1 евро= 62 денари

Во цената не е вклучено:
o Храна (наша препорака е вегетаријанска)
o Туристичка такса
o Патничко осигурување ( патничкото осигурување е задолжително!)

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ!

П.С. Во прилог ви споделуваме и дел од минатогодишните искуства на ЈОГА КАМПОТ ВРАХОС 2017!

“Летниот јога камп Врахос е моето најубаво и најсуштинско патување. Ме донесе до за мене најважната дестинација- до себеси. Иако опкружена со сосем непознати имав чувство како да сум на средба со поодамна изгубени, но блиски роднини. Сега се мои блиски пријатели. Не поврзува иста енергија. Не иницира, не води кон нови убави средби и другарувања. Без крај. Навистина неописливо. Едноставно, мора да се доживее.”

“Прекрасен камп, со попрекрасни луѓе и најпрекрасни инструктори. Искуство кое трае доживотно, спознавајќи се себеси со опуштање и прифаќање да љубиш души слични на тебе.”

“Јас како учесник на јога кампот Врахос 2017 ке кажам само неколку зборови... толку многу љубов, енергија на едно место оддамна не сум сретнала... НИРВАНА...”

“Прекрасни луѓе со позитивна енергија, полни со љубов, водени од прекрасните јога учители на убавите песочни плажи, тоа е незаборавно доживување. Треба да се доживее и секако да го повториме и оваа година.”

“Убаво место, позитивни луѓе. Што повеќе од тоа да посакаш?”

“Врахос, мало тивко местенце со долга песочна плажа. Поглед на синило на небо и кристално чисто море. Рај за душа! Кој беше на јога кампот 2017 тоа го доживеа и искористи. Искрено се дружевме, си ги отворивме срцата и примивме многу љубов од сите. Таа магија не спои со еден лепак на љубовта, со вежбите на плажа, со чистиот воздух и вода. Тоа беше рајско место за групата. Еко бегство од урбаниот начин на живот. Треба да се дојде и лично да се почувствува.”

“Баш прекрасно доживување и преубава енергија и дружење и спокојство и љубов.”