Јога камп на островот Крф

Јога камп на островот Крф


When?

Start time: Saturday 13:00 (09 June)
End time: Saturday 16:00 (16 June)

About

Драги јогини и пријатели,
Ви го најавуваме јога настанот во организација на јога клуб "Тара" и "Ескејп травел"- “Јога камп на островот Крф”. Придружете ни се на едно поинакво патување, на островот Крф. Да се ослободиме од секојдневниот стрес и да се препуштиме на мирот и тишината, додека низ јога и медитации нурнуваме во длабочината на нашата душа.

ЈОГАТА Е ЕДНА ОД НАЈСТАРИТЕ ИСТОЧНИ ВЕШТИНИ, КОЈА НУДИ ЦЕЛ СИСТЕМ НА ТЕХНИКИ ЗА ФИЗИЧКА, МЕНТАЛНА И ДУХОВНА ДОБРОСОСТОЈБА. НА ЧАСОВИТЕ ЌЕ СЕ ПРАКТИКУВААТ ТЕХНИКИ ЗА ОПУШТАЊЕ НА ТЕЛОТО- ШАВАСАНА, ФИЗИЧКИ ЈОГА ПОЛОЖБИ-АСАНИ, ТЕХНИКИ ЗА ДИШЕЊЕ-ПРАНАЈАМА И МЕДИТАЦИЈА.

Програма:
7.00- 8.30.00 Утринска јога пракса
9.00-10.00 Пауза за Доручек
10.30-11.30 Јога Работилница
11.30- 13.30 Слободно време за плажа и одмор
13.30-14.30 Пауза за Ручек
14.30- 17.30 Слободно време за плажа и одмор
17.30-18.30 Јога Работилница
18.30- 20.00 Попладневна јога пракаса
20.00 Сатсанг

За јога часовите:
Јога часовите ќе бидат во стилот на традиционална хата јога и хата винјаса јога. Вежбите ќе бидат прилагодени според степенот на подготвеност и потребите на учесниците.

За работилниците:
На работилниците ќе се обработауваат следниве теми:
-Осум гранки на јогата (запознајте ги етичките принципи на древните јогини);
- Чакри и нивната улога во физичкото здравје и духовниот развој;
- Петте елементи на животот ( земја, вода, оган, воздух, етер);
- Петте коши (слоеви на битието);
- Петте прани ( енергиите што циркулираат во нашето тело)
- Карма јога работилница;
-Медитација и цртање на мандала;
-Пишувачки клуб- посвети и поема на твојата душа;
- Јога мандала- кружење на енергијата преку единствен јога круг;
-Јога за партнери и пријатели;
-Јантри- физички печат и мантри- божествена вибрација;
-Мудри- енергетски и исцелителни положби.

Часовите ги води Лидија Котевска, јога клуб “Тара”.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?
Програмата е наменета за почетници, средни, или напредни јога практиканти.
Може да ни се придружат и сите оние кои немале искуство со јогата, а сакаат да направат позитивна промена во својот живот, или едноставно да се опуштат и да уживаат во хармоничната енергија, морето, природата и дружењето.

Препорачуваме учесниците да бидат во стабилна здравствена состојба.

СМЕСТУВАЊЕ:
Сместувањето ќе биде во двокреветни и трокреветни соби во вилите “Димитрис” , “Вила Елена1”, Вила Елена 2”, во Ипсос, на островот Крф.
ЗА ОСТРОВОТ КРФ:
“МАГИЧЕН ОСТРОВ ВО ЈОНСКОТО МОРЕ КОЈ ГИ КОМБИНИРА СОФИСТИЦИРАНАТА АТМОСФЕРА, ЗЕЛЕНИТЕ ПАДИНИ, СИНАТА ВОДА И ДОЛГИТЕ ПЕСОЧНИ ПЛАЖИ. ОСТРОВОТ КРФ ИМА БОГАТА ИСТОРИЈА И ЗАТОА ПРЕТСТАВУВА МЕСТО ЗА ТУРИСТИЧКО РАЗГЛЕДУВАЊЕ. ВО НЕГО СЕ ЗАБЕЛЕЖУВААТ ИСТОРИСКИТЕ ВЛИЈАНИЈА НА ВЕНЕЦИЈА, БРИТАНИЈА, ФРАНЦИЈА И РУСИЈА, КОИ ПРАВАТ ОВА МЕСТО ДА БИДЕ НЕОБИЧНО И ПРИВЛЕЧНО. СТАРИОТ ГРАД НА КРФ Е ЕДНО ОД НАЈАТРАКТИВНИТЕ МЕСТА ВО СВЕТОТ. ПОКРАЈ ИДИЛИЧНОТО И ФАСЦИНАНТНО КРАЈБРЕЖЈЕ НА КРФ СЕ НАОЃААТ КАРПЕСТИ ЗАЛИВИ И ДОЛГИ ПЕСОЧНИ ПЛАЖИ, ДОДЕКА САМИОТ ОСТРОВ ИЗОБИЛУВА СО МАСЛИНОВИ ГРАДИНИ КОИ СЛУЖАТ КАКО ПРИРОДНА ГРАНИЦА МЕЃУ ДРЕВНИТЕ СЕЛА. “

ЦЕНАТА НА КОМПЛЕТНИОТ ПРОГРАМ изнесува 180 еу.

Во цената Е вклучено:
-автобуски превоз и траект, на релација Скопје-Ипсос-Скопје;
- седум ноќевања, во двокреветни и трокреветни соби, во вилите “Димитрис” , “Вила Елена1” и “Вила Елена 2”;
- комплетната ЈОГА ПРОГРАМА- утринска и попладневна јога и јога работилници;
- туристичка такса;
- патничко осигурување;
- посета на стариот град ;
- пратител на патувањето

Во цената на понудата Не е влучено:
-исхрана;
-факултативен излет (По желба на учесниците постои можност за факултативен излет до Глифада и крстарење со брод).

ПРИЈАВУВАЊЕ :
Пријавувањето се извршува на:
-тел 078-225-640,
- емаил : info@yogaclubtara.com
- фб: Јога Клуб Тара- Aеродром
https://www.facebook.com/yogaclubtara/
- www.yogaclubtara.com
Или лично, во Jога клуб “Тара”.
Kлубот “Тара” го задржува правото да ја одобри, или одбие пријавата на потенцијалните учесници на кампот, доколку тоа е неопходно, заради одржување на хармонијата на групата.

УПЛАТА:
Уплатата се извршува во туристичка агенција “Ескејп травел”, тц Бисер, 1ви кат. За деталите околу уплатата, сместувањето и условите при патувањето, важат правилата на агенцијата.
Бул. Јане Сандански 82/1/1
Mail: info@escapetravel.mk
Fb: Escape Travel Agency
www.escapetravel.mk
070/532-693
071/227-847
02 3120451



Upcoming events at Corfu, Greece

Corfu Food & Wine Festival
Festival

Corfu Food & Wine Festival

Wednesday 11:00 (09 May)
Corfu, Greece, Corfu

Corfu food and wine festival
Festival

Corfu food and wine festival

Wednesday 11:00 (09 May)
Corfu, Greece, Corfu

Yoga zeilretreat

Yoga zeilretreat

Saturday 13:00 (19 May)
Corfu, Greece, Corfu

Ferrari Owners' Club «Passione Rossa»

Ferrari Owners' Club «Passione Rossa»

Sunday 11:00 (10 June)
Corfu, Greece, Corfu

13th International Oboe Course of Corfu

13th International Oboe Course of Corfu

Sunday 04:00 (01 July)
Corfu, Greece, Corfu

1ο Πανελλήνιο Φεστιβάλ Φορτωματος
Party

1ο Πανελλήνιο Φεστιβάλ Φορτωματος

Wednesday 22:00 (25 July)
Corfu, Greece, Corfu